Категории

Мигрена или главоболка? Препознајте ја разликата!

Главоболка или мигрена? Иако некои можеби мислат дека се работи за истата болка, само со друго име, не се во право. Мигрените се екстремно болни и три пати почесто ги погодуваат жените, а се проценува дека еден милион луѓе во светот страдаат од мигрена.


Како да ја  разликувате главоболката од мигрената и како да ја олесните болката? Научете како да ги препознаете симптомите на мигрената. Класичните мигрени често се придружени со продромални знаци, најчесто во првите 24 часа пред нападите. Потоа следат промените во расположението (депресија или еуфорија), нарушување на концентрација, непријатност и желба за блага храна. На крајот се развива пулсирачка главоболка.

Кај повеќето пациенти, болката е придружена со гадење и повраќање. Тие често страдаат од хиперсензитивност на очите (фотофобија), а некои не издржуваат силни звучни или миризливи стимули. Напад на мигрена обично трае неколку часа, а во повеќето случаи завршува во рок од 24 часа.

Нападите, исто така, можат да бидат предизвикани од други провокативни фактори, како што се: психички стрес, физички напор, метеоролошки услови и ненадејни промени на времето.