Милијардерот и сопругот на актерката Селма Хаек ќе даде 100 милиони евра за обнова на Нотр-Дам

Францускиот милијардер и сопруг на славната холивудска актеркаа Селма Хаек, изјави дека ќе донира 100 милиони евра за обнова на симболот на Париз – катедралата Нотр-Дам која вчеравечер речиси изгоре до темел.

Бизнисменот Франсоа Анри Пино, кој е во брак со актерката од 2009. година е шеф на корпорацијата Керинг, која во своја сопственост ги држи брендовите Гучи и Ив Сен Лоран.

Откако францускиот претседател Макрон побара собирање средства за обнова на познатата катедрала, Пино одлучил веднаш да се пријави за овој гест.

Селма и Пино се венчале во непосредна близина на Нотр-Дам во Париз и живеат недалеку од славната катедрала, па може да претпоставиме дека оваа трагедија ја сфатиле многу лично и поради тоа сакаат да учествуваат во нејзината обнова. Селма се огласи и преку социјалните мрежи со пораката „Париз – те сакам“.




Коментари

коментари