Категории

Мини Маус доби ѕвезда на улицата на славните во Холивуд

Мини Маус ја доби својата ѕезда на улицата на славните во Холивуд. Овој цртан лик ѕвездата ја доби 40 години по Мики Маус, еден од омилените цртани ликови во светот.

Мики и Мини првпат се појавија заедно во далечната 1928 година. Но, нивниот творец, компанијата „Disney“, досега ја немаше номинирано Мини Маус за ѕвезда на патеката.

На булеварот во Холивуд има 2.627 бронзени ѕвезди. Освен Мики и Мини, свои ѕвезди имаат и Пајо Паторот, Вини Пу и Снежана.

Прегледи:
551
Објавено на:
24.01.2018