Категории

Мини пици подготвени за миг: Закуски кои ќе ги обожавате!

Овој рецепт е идеален кога имате многу малку време, а ви се јаде нешто вкусно

Состојки:

  • 1/2 чаша сос од домати
  • рендан пармезан
  • малку бибер
  • малку сол
  • 1 лажичка ситно сецкани црвени пиперки
  • малку оригано
  • изрендана моцарела
  • шунка
  • тортиљи

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 2200С и подмачкајте ги калапите за мафини.

Исечете  круговите од тортиљите и ставете ги во калапите.

Ставете од сосот од домати врз секоја тортиља, посипете со моцарела и посакувана шунка и зачините.

Печете ги 10-12 минути.

Прегледи:
506
Објавено на:
21.10.2019