Категории

Министерот Венко Филипче со важна порака до сите

Сите сме свесни за ковид-19 ситуацијата во нашата земја и вчера имавме рекордни бројки на новозаразени случаи. Од вкупно направени 2140 тестирања, регистрирани беа 364 нови случаи на ковид-19, а имаше и починати 3 лица.

Утрово министерот за здравство Венко Филипче се обрати на својот фејсбук профил со важна порака до сите.

,,Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е.” – напиша тој.

 

Во исчекување сме на новата состојба на нови случаи на ковид-19 во нашата  земја. Дали денес бројката повторно ќе надмине 300 новозаразени и дали ќе имаме нови рестриктивни мерки останува да го следиме известувањето од министерот за здравство Венко Филипче.

Прегледи:
657
Објавено на:
09.10.2020