Чек дис аут
Search

Минт нокти – Ова е најмодерниот маникир за пролет/лето 2020 година

Во пролет и лето, обично се фокусираме на маникир во светли бои.

Од гардероберите ја вадиме полесната облека, која идеално се комбинира со нокти во пастелни и во сочни бои.

Минт ноктите веќе повеќе години е еден од нашите омилени маникири за време на топлите месеци. И не е ни чудо! Веројатно не постои поспектакуларна боја која што лесно се комбинира со пролетната гардероба.

Кога мислиме на маникир во пастелна боја, ноктите во боја на минт веднаш ни доаѓаат на ум. Минт ноктите се вклопуваат во многу стилови. Оваа боја изгледа убаво на долги и кратки нокти и е вообичаен избор за многу дами. Исто така, минтот маникир може да биде во многу варијанти – како основа за примероци или како примероци во неутрална основа. Вреди да се потсетиме дека ноктите во боја на минт, исто така, можат да бидат добра идеја за омбре маникир кој е многу популарен и оваа пролет! Сето тоа зависи од вашата фантазија! Минтот добро се меша со другите пастелни бои – јоргован боја, светло розова, пастелна жолта, нијанса на праска, но и со црни и сиви лакови. Имајте го ова на ум!

Кога станува збор за варијации на минт маникир – има многу! Минт маникир може да се појави во сјајна и мат верзија. Двете изгледаат одлично, но нијансата, како и финишот, треба да бидат прилагодени на тенот и да размислите каква облека ќе носите во следните недели.

Дамите низ целиот свет со години се заљубени во минтот маникир, пред се затоа што им одговара на многу работи, но и привлекува внимание.

Инстаграм е полн со инспиративни фотографии. Ги прегледавме профилите на Инстаграм и избравме неколку интересни решенија за вас. Без разлика дали имате кратки или долги нокти, сакате светли нијанси на минт или оние поизразени, веруваме дека ќе го најдете решението за вашиот следен маникир во нашата галерија на фотографии.




Коментари

[fbcomments]