Категории

Мирисот на оваа билка смирува во еден момент: Трик за борба против стресот

Мирисот на овој цвет го смирува и го елиминира стресот …

Професорот Ханс Хат од Универзитетот во Хајнрих Хајн Дизелдорф вели дека мирисот на оваабилка врз човекот има ефект сличен како средство за смирување, но без непријатни несакани ефекти.

Станува збор за јасмин чие есенцијално масло се нарекува „крал на сите мириси“. Мирисот на јасмин го подобрува расположението, ја ублажува депресијата, несоницата и вознемиреноста. Исто така е одлично за неутрализирање на негативните емоции како што се лутина, несигурност, песимизам, вина, тага, па дури и помага кај фобии.

Тимот на професорот Хет спроведе истражување врз глувци кои, кога ќе го осетеле мирисот на јасмин, престанувале да прават тоа што го правеле, се смирувале и седнувале. Скенирајќи ги нивните мозоци, откриле дека овој мирис ја ублажува вознемиреноста.

– Кога мирисот на јасмин се вдишува, неговите молекули со мирис влегуваат во крвотокот и одат во мозокот. Скенирањето на мозокот покажа дека ефектот на хемикалијата наречена ГАБА на нервните клеткие засилен. Животните се смирија – објасни Ханс Хат.

Професорот ги објави резултатите од истражувањето во часописот ‘Journal of Biological Chemistry’ каде ги наведува резултатите од истражувањето како доказ дека мирисот на јасмин би можел да биде подобар избор од разни лекови за лечење на вознемиреност, несоница, за смирување …

Инаку, постојат неколку видови на јасмин, но само два се погодни за есенцијални масла заради специфичниот мирис по кој е познат – тоа се Jasminum officinale и Jasminum grandiflorum.

Прегледи:
448
Објавено на:
28.03.2020