Категории

Мишел и Малиа Обама во Мајами: Поранешната прва дама изгледа одлично во бикини и шорц

По заминувањето од Белата Куќа веруваме дека поранешната прва дама, 53 годишната Мишел Обама, е порелаксирана и може да ги поминува деновите како сака. Па така таа и нејзината 19 годишна ќерка, Малиа, ужиуваа во топлото време на Мајами и денот го поминаа на плажа. 

Иако помалата ќерка Саша и поранешниот претседател не беа со нив, тие изгледаат доста опуштено и во друштво со пријатели и секако, обезбедување. Првата дама може да се пофали со одличен изглед, облечена во бело бикини и шорцеви, додека Малиа која инаку е студент на престижниот Харвард црното бикини го скри со блузон.

Двете дами после денот поминат на плажа биле забележани како го напуштаат хотелот во кој престојувале.

Прегледи:
436
Објавено на:
15.01.2018