Mишел Обама на чај со Меланија Трамп

Додека Доналд Трамп беше зафатен со средбата со Барак Обама во Белата куќа, во исто време, неколку соби подалеку, нивните сопруги Меланија Трамп и Мишел Обама го испија својот прв заеднички чај.

Според изворите од Белата куќа, тие се сретнале во Жолтата Овална Соба, а разговарале за своите семејства и за своите деца, по што Мишел ја однела Меланија на тура низ нејзиниот наскоро нов дом.

Изворите велат дека двете воопшто не го споменале инцидентот со предизборниот говор на Меланија, кој јавноста веднаш забележа дека е плагијат на говорот на Мишел.

q2

Меланија не ја коментираше средбата, а наместо неа кратко се огласи Доналд трамп, кој на Твитер напиша: “Прекрасен ден во Вашингтон. За првпат се запознав со претседателот Обама. Добар состанок, добра хемија. На Меланија многу ѝ се допадна г-ѓа Обама!”




Коментари

[fbcomments]