Категории

Мислењето „Што ќе кажат другите“ нема да те одведе до подобра иднина

Понекогаш треба да го направиш тоа за себеси, затоа што тоа е единствениот избор кој ќе те одведе до подобра иднина.

Понекогаш едноставно треба да заминеш. Треба да погледнеш во нештата во кои ја вложуваш сета своја енергија и да разбереш дека дури и ако останеш и се обидеш да го добиеш нивното одобрување или да се искачиш на нивното ниво, треба едноставно да ја собереш сета своја сила и да ја насочиш на место каде што ќе бидеш вреднувана. Место кое ќе те прифати и нема да бара од тебе да се промениш.

Тоа никогаш не е нешто едноставно, не е лесна одлука, не е лесно да прифатиш дека патот кој те очекува може да биде полн со ризици и непознати нешта, но секогаш постојат времиња во животот кога заминувањето е најдоброто нешто кое можеш да го направиш, за свое добро.

Дури и ако те кошта луѓе во твојот живот, дури и ако те кошта промена на туѓото мислење за тебе.. Мислењата никогаш не одат рака под рака со вистината.
Понекогаш треба да го направиш тоа за себеси, затоа што тоа е единствениот избор кој ќе те одведе до подобра иднина.

Прегледи:
532
Објавено на:
20.08.2020