Категории

Мислиш дека животот ти е „без врска“? – Еве која е вистината и што треба да направиш

Единствено нешто на светот кое те спречува да го постигнеш она што го сакаш си самиот ти!

Ако мислиш дека животот ти е лош, тогаш веројатно тоа е така. Ако мислиш дека сите се свртиле против тебе, тогаш веројатно и е така. Ако мислиш дека заслужуваш повеќе, веројатно е дека е така.
Единствено нешто на светот кое те спречува да го постигнеш она што го сакаш си самиот ти!

Ако мислиш дека светот се свртел против тебе, тоа е затоа што имаш лош став спрема животот – на се гледаш на погрешен начин. Наместо да користиш позитива да те придвижува, користиш само негативност.
Дозволуваш негативноста да ти ги контролира мислите, а со самото тоа и дозволуваш на негативноста да ја превземе контролата врз твојот живот. Им дозволуваш на лошите нешта да бидат победници.

Никогаш нема да го постигнеш она што го сакаш нити да го живееш животот кој сакаш доколку работиш досадна работа која ти ја црпи енергијата, само затоа што си премногу мрзелив да станеш и да почнеш да правиш нешто што те исполнува – тоа не е ничија грешка, само твоја.
Никогаш нема да патуваш нити да го видиш Париз или Њујорк ако продолжиш да создаваш изговори поради кои неможеш да одиш. Купи карта, спакувај го куферот и оди. Дозовли му на светот да те обликува и отвори ги очите. Дозволи му пред тебе да стави предизвици и да те исфрустрира како ништо друго во животот.
Бори се со јазичните бариери и изгуби се. Откажи се од контролата која ја имаш во секојдневниот живот и препушти се.

Никогаш нема да ослабиш ако не ги промениш прехрамбените навики. Никогаш нема да го подобриш своето здравје ако не јадеш повеќе овошје и зеленчук и ако не вежбаш. Никогаш нема да станеш по интелигентна личност и нема да ги прошириш своите видици ако не си спремен да читаш и  да учиш од другите.

Никогаш нема да биддеш среќна ако се уште се водиш според негативните нешта. Никогаш нема да имаш среќа во животот доколку се опкружуваш со луѓе и нешта кои од тебе ја цицаат енергијата како вампири.

Ти си причината поради која си незадоволна. Сама себеси си најголемиот непријател, ти се единствената личност која стои на патот на сопствените цели и постигнување успеси.
Животот не ти должи нити тебе нити на било кој друг па затоа немој да очекуваш. Немој да очекуваш од небо да ти паднат милион долари, немој да очекуваш да се разбудиш со „совршено извајано“ тело, немој да очекуваш да ја добиеш работата од соништата, немој да очекуваш доколку не се потрудиш тоа да го оствариш.

Немој да стоиш на сопствениот пат и немој да се откажуваш кога ќе стане тешко, откажувањето нема да те одведе никаде. Верувај во себе и кога никој друг не верува.
Престани да правиш нешта кои не те исполнуваат, престани да ги обвинуваш другите за сопствените проблеми и престани да милиш дека животот ти должи нешто, затоа што тоа не е така. Ако сакаш животот да ти стане подобар, тогаш почни да го живееш. Почни да правиш нешто позтивино и немој да застануваш се додека не стигнеш до таму, а потоа само продолжи понатаму.