Категории

Мислите дека сте уморни од животот? –Не! Овие нешта ве уморуваат

Не сме ние уморни од животот, уморни сме од разочарувањето, повредите и предавствата на другите, уморни сме од нечовечното однесување на кое луѓето се навикнале да ги решаваат нештата.

Уморни сме од самосожалувањето во кое се гледаме себеси како жртви на околностите и другите луѓе без никаква можност да промениме нешто самите. Уморни сме од постојаниот страв дека ќе паднеме, ќе изгубиме, ќе бидеме манипулирани, оставени..

Не сме ние уморни од животот, уморни сме од вртење назад, постојано гледање во минатото, барање златни времиња во него и сеќавања на подобри денови кои повеќе никогаш нема да се повторат. Уморни сме од чувството дека секогаш нешто недостига за да бидеме комплетни, среќни и силни. Уморни сме од зборовите кои ги сме ги изговориле а сме сфатиле дека не ни донеле ништо, уморни сме од очекувањата дека утре ќе биде подобро а се продолжило по истиот тек.

Не сме ние уморни од животот, уморни сме од тоа да им докажуваме на другите дека сме во право, да им ги докажуваме своите идеи, соништа, верски уверувања.. Уморни сме од чувството на помала вредност, на недостатокот на вредност спрема себеси, неавтентичноста во која се појавуваат тешкотии, грижите и останатите чувства кои направила да потонеме и да се прашуваме да исплати да се живее овој живот. Уморни сме постојано да ги повторуваме истите грешки а да не учиме ништо ново од нив.

Не сме уморни од животот, ние сме желни за живот, желни за оние убави чувства, желни за внимание, нежност, убави зборови, желни сме некој да не сака и да му ја возвратиме љубовта. Но премногу долго сме живееле во сенка, во онаа темна страна што сме помислиле дека тоа е животот и нема друга опција. Желни сме да се потпреме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и отчукувањето на нечие срце, тоа е она за кое вреди да се живее. Го сакаме тоа, не сме уморни од тоа!