Категории

Мистериозни откритија на Антарктик се сокриваат од јавноста

Одредни кругови кои заговараат теории на завера тврдат дека на Антарктик се случуваат доста чудни нешта кои се сокриваат од очите на јавноста.

„Чувар на Земјата“ тврди дека на сателитските снимки е забележан отвор за воздух над една пештера и „метален штит“ преку него, сето тоа во зона на забрани на летови на ледениот континент. Тој на youtube објави видео под наслов „Голем отвор во пештерата на Антарктик прекриен со железна купола“.

Видеото има голем број коментари, најмногу од нив во прилог на теоријата за тајни бази на вонземјани во овој дел од Земјата, но не се малобројни нити оние во кои се тврди дека нема никакви тајни пештери нити метален штит и всушност се работи за игра на светлината и сенки.

Тој проценува и дека подрачјето широко околу 45 метри. Темниот отвор личи на метален штит кој изгледа како некоја вентилација која оди под земјата, наведува овој корисник, додавајќи дека снегот околу „отворот“ е потемен од снегот во околината и да тоа значи дека врши пренос на топлина.

Прегледи:
131
Објавено на:
01.12.2020