Категории

Мистериозно село во Италија кое не постои а сепак живеат луѓе

(ВИДЕО) Во ова италијанско село живеат луѓе, но тоа всушност не постои.

Селото Фуроре во Италија е вистински дијамант кој се наоѓа сокриен во фјорд, мала пукнатина во карпите кои некогаш пружеле одлична заштита за неговите жители од поморските разбојници.

Познато е како „селото кое не постои“ затоа што сите градби, улици и скали биле сокриени позади карпите така да не се гледаат од морето.
Овде некогаш одамна била подигната мала населба со неколку куќи и без централен плоштад. За него не се знаело речиси ништо а после некое време откако исчезнале поморските разбојници, градоначалникот решил да го открие Фуроре.

Тој наредил секоја куќа да се префарба во силни бои, а оваа традиција се одржува до денешен ден кога жителите на селото повикувале уметници од целиот свет да ги украсат локалните градби.

Главната атракција е фјорд, тоа е тесен процеп помеѓу карпите во чија внатрешност се наоѓаат рибарски куќи.
Овој дел воедно е и најстариот дел од селото, а спрема проценката од 2011 тука живееле околу 810 жители.

 

Прегледи:
93
Објавено на:
25.11.2020