Категории

Мистериозно случување во Каспиското море – Се издигна огромна огнена топка

Огромна огнена топка се издигна од Каспиското Море во неделата, и можеше да се види од Азербејџан. Сè уште не е познато што точно се случило затоа што се појавија различни информации за тој феномен, а засега во оптек се три теории.

Медиумите најпрво објавија дека има експлозија на нафтената платформа и дека избувнал пожар, но Министерството за екологија на Азербејџан објави дека е можно дури да станува збор за вулканска ерупција. Азербејџанската државна нафтена компанија „Сокар“, пак, објави дека станува збор за ерупција од кал.

Инцидентот се случил во 21.30 часот по локално време, кога е регистрирана голема експлозија и пожар јужно од главниот град Баку.

Прегледи:
123
Објавено на:
23.07.2021