Категории

Митот за Хад и Персефона – Најубавата љубовна приказна за настанувањето на годишните времиња

Според грчката митологија, Персефона била најубавата девојка во која се вљубил Хад – Богот на смртта и одлучил да ја направи своја кралица.

Персефона била ќерка на Деметер, божицата на природата и богот Зевс.
Таа била надалеку прочуена по нејзината убавина па ја посакувале и смртниците и боговите. Но нејзината мајка била толку приврзана за неа што одлучила да ја чува понастрана од нивните очи.
Еден ден додека таа собирала цвеќе во полето, со нејзините пријателки нимфите, земјата се отворила и од неа излегол Хад, богот на смртта и Подземниот свет. Тој забележувајќи ја невината убавина и светлост на Персефона, се вљубил во неа и посакал да биде негова жена, кралица на Подземјето.

Тој му пришол на Зевс и ја побарал нејзината рака, Зевс ја прифатил неговата молба па така Хад ја одвел Персефона со него во Подземјето. Персефона плачела со денови по својата мајка. Деметер а барала во градината каде што таа обично танцувала и берела цвеќе, но безуспешно. Бесна и очајна таа побарала помош од Зевс. Кога таа слушнала дека Персефона е омажена во подземјето за Богот Хад, толку се разлутила што природата почнала да изумира. Зевс немал друг излез освен да ја прифати молбата на божицата и да ја врати нејзината ќерка назад.

Тој го испратил Хермес, гласникот, да ја врати назад Персефона.
Додека била во Подземјето, Персефона полека почнала да се вљубува во Хад кој се однесувал доста нежно и искрено ја љубел својата кралица.
Кога Хермес пристигнал во Подземниот свет со вестите дека божицата Деметер ја сака својата ќерка назад, Хад знаел дека не може да му се спротивстави на желбата на Зевс но исто така не сакал да се раздели од Персефона.

Пред да замине од Подземниот свет, Хад и понудил на Персефона калинка. Тоа било лукав потег,затоа што на нити еден смртник или бог не му било дозволено да јаде или пие било каква храна во Подземниот свет затоа што така би останал таму засекогаш.
Персефона го знаела тоа затоа што мајка и преходно ја предупредила, но била толку гладна па изела шест зрна од калинката мислејќи дека нема да се сметаат. Но потоа Судбината и пристапила и и рекла дека таа ќе остане засекогаш во Подземјето како кралица на Хад.

Хермес се вратил назад кај Зевс и Деметер кој жедно го исчекувале враќањето на нивната ќерка. Кога тој им го соопштил лукавото дело на Хад, Деметер била уништена, но Зевс одлучил да направи договор со Хад така што двете страни ќе бидат задоволни.
Тие се договориле Персефона половина од годината да биде со својата мајка Деметер, а другата половина со него како неговата кралица.

Додека во текот на шесте месеци Персефона била покрај нејзината мајка, природата се раззеленувала, полињата биле шарени и плодни. Така настанала пролетта и летото.
А кога Персефона седела на тронот во Подземниот свет покрај својот сопруг Хад, Деметер била тажна па така природна умирала и започнувала зимата.

Според Грчката митологија, така настанале годишните времиња – есенските и зимските месеци биле кога Персефона живеела во Подземниот свет, а пролетта и летото настапувале кога таа била покрај својата мајка Деметер.