Млад херој успеал да спаси девојче кое паднало од прозорецот на станот (ВИДЕО)

Безбедносните камери во Истанбул снимиле неверојатен момент во која тинејџер успеал да фати 2- годишно дете кое паднало од стан на вториот кат на зградата.

Феузи Забат е 17 годишен алжирски мигрант кој работи во работилница која се наоѓа на истата улица каде за малку била избегната трагедија.
Имено, тој забележал дека 2- годишното девојче може да падне од прозорот на станот кој се наоѓал на вториот кат од зградата и подготвено ја дочекал. Тој успеал да го фати девојчето пред тоа да падне на улицата.
Малото девојче останало неповредено.


Според локалните медиуми, девојчето се приближило кон отворениот прозорец додека нејзината мајка готвела во кујната.
Семејството на девојчето го прогласиле Забат за херој и парично го наградиле во знак на благодарност.
Снимката за брзо време стана вирална на друштвените мрежи, а Забат добива пофалби од многу корисници.




Коментари

коментари