Категории

Многу врати се веќе отворени, но се плашиме да ги отвориме до крај

Еден цар решил, заради една важна позиција на дворот, да ги тестира своите дворјани. Тој бил опкружен со моќни и мудри луѓе, а кралот им рекол:

– Имам дилема и ме интересира кој од вас може да ми помогне да ја решам. Потоа ги довел до огромна врата и им рекол: Ова е најголемата и најтешката врата во моето кралство, објаснил кралот. Може ли некој од вас да ја отвори?

Повеќето од присутните рекле не. Помалиот дел, за кој дворјаните ги сметале за мудреци, почнале внимателно да гледаат на вратата, да ја допираат и да се предомислуваат, но на крајот сите признале дека не можат да ја отворат.

Сепак, еден дворјанин излегол од толпата, се приближил до вратата, почнал да зјапа во неа, да ја чувствува и да ја турка. Одеднаш, тој само силно ја турнал  вратата итаа се отворила! Вратата веќе била подотворена, но не беше заклучена. За да се отвори веќе отворената врата, требало само самодоверба да се направи тоа во присуство на самиот цар.

Кралот му рекол: ти ќе добиеш поголема позиција. Ти не се потпираше само на она што го гледаш. Ти се осмели да го пробаш она што на почетокот  изгледаше невозможно.

Така е и во нашите животи: многу врати се веќе отворени, но се плашиме да ги отвориме до крај.

Виктор Иго одамна рече: Осмелете се, тоа е цената на напредокот!

Прегледи:
545
Објавено на:
02.12.2020