Категории

Модата на црвениот тепих на доделувањето на наградите ЕМИ 2017

Сезоната на филмските награди е официјално отворена со 69-тото издание по ред на наградите ЕМИ.  Црвениот тепих оваа година неретко блескаше од раскошни тоалети и можеби ова е едно од првите изданија кога речиси немаше лоши изгледи.

Како најдоминантни беа бајковитите тоалети од тул и светки, најзастапени беа неутралните нијанси додека атмосферата ја вжешти и по некоја црвена тоалета која отскокна од мноштвото како онаа на Никол Кидман и Иза Реј. Исто така особен впечаток оставија миди тоалетите на Мили Боби Браун и Елизабет Мос, додека Софија Вергара заблеска во бел сирена модел.

Подолу ви ги претставуваме сите изгледи..

Прегледи:
882
Објавено на:
19.09.2017