Категории

Моден Фенг Шуи – Облека која создава лоша енергија

Кои парчиња облека можат да влијаат врз вашата енергија и да направат да се чувствувате лошо

Она во кое поминуваме цел ден ите како има значајно влијание на нас и нашето расположение, а и на животот генерално.

Според модните Фенг Шуи стручњаци, важно е да купувате облека кога сте добро расположени.

1.Стара и растегната облека

Според модниот Фенг Шуи, старата и растегната облека создава силна негативна енергија. Растегнатите алишта можат да доведат до сиромаштија, проблеми на работното место и конфликти, проблеми со финансиите и неуспех на деловен план.
Стручњаците сметаат дека старата излитена облека со скинати коленици може да нанесе голема штета на вашата аура.

2.Црна облека

Негативна енергија исто така привлекува и црната облека. Стручњаците кажуваат дека темните нијанси можат да влијаат не само на психата туку и на физичката состојба на телото. Тие привлекуваат депресија и осаменост, предизвикуваат чувство на умор, поспаност и анксиозност. Секако, нема потреба потполно да се откажувате од црната облека. За да создадете рамнотежа, додадете неколку детали во светли бои.

3.Животински принт

Следбениците на модниот Фенг Шуи веруваат дека животинскиот принт игра голема улога во облеката. Тие советуваат да не се носат парчиња со лик на диви животни, а исто така според нивното мислење, овој принт може да предизвика напнатост, агресија и немир. Од друга страна, добра аура предизвикуваат цветните дезени со природни мотиви како цвеќиња и лисја, кои се направени од природни материјали.

4.Облека на пруги

Пругите исто така имаат негативно влијание врз вашата благосостојба. Линиите се пресекуваат преку енергетските зони и со тоа ја нарушуваат стабилноста на телото. Тоа може да резултира со проблеми од различен степен: од мал застој на работното место до големи загуби.

5.Геометриски облици

Од истата причина се обидуваме да ги избегнуваме геометриските форми на алиштата. Кругови, тријаголници, квадрати и сложени фигури прикажани на материјалите ја потопуваат енергијата. Што добиваме како резултат? Слабост, умор, недостаток на идеи и инспирација, невнимание и апатија.

6.Асиметрија

Облеката со изразена асиметрија исто така се смета за неповолна, затоа што ја нарушува енергетската рамнотежа во телото. Премногу груби линии и остри агли предизвикуваат напнатост и нервоза.

7.Премногу кратка облека

Во кратката облека, не само што се чувствувате несигурно и укочено, таа има негативно влијание и врз општата состојба на човекот. Таквите нешта создаваат енергија која ја спречуваат да избие, поради што личноста во текот на денот се чувствува слабо и поспано.

Прегледи:
622
Објавено на:
22.04.2020