Категории

Модерна елеганција и изразен сексапил: Погледнете го новиот моден едиторијал за долна облека на Кристина Поптрпева

Јавноста ја запозна младата Кристина Поптрпева преку нејзините многубројни модни остварувања како и одличните вокални способности. Нејзината несекојдневна убавина не останува незабележана, а сега имате можност да го погледнете и најновиот моден едиторијал за долна облека каде што Кристина самоуверено чекори на една скопска локација.

Дали овој впечатлив моден едиторијал е најава за нова песна?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Poptrpeva® (@kristinapoptrpeva) on


Иако има само 19 години, Кристина Поптрпева може да се пофали со бројни ангажмани за настани, фотосесии, ревии, интернационални избори за убавина во Кина, Јужна Кореја, Кипар, Либан, Турција, Албанија, Италија, Дубаи. Освен тоа, таа има освоено Мис Талент во Албанија во конкуренција од 50 девојки покажувајќи го својот талент за пеење, а во Либан Кристина се закити со наградата Мис Европа.

Во иднина, очекувајте уште многу изненадувања од оваа перспективна македонска ѕвезда.