Модна инспирација: Кожените парчиња задолжителни за престојната сезона есен/зима

Кожата никогаш не излегува од мода, а престојнава сезона таа е се поприсутна. Освен кожените јакни и чевли, оваа сезона акцентот паѓа и на кожените здолништа, панталони и хеланки.

Кожата беше тренди и пред триесетина години, денес е, а и во иднина ќе биде. Тоа е едно парче облека кое секогаш ќе биде дел од модните колекции и можете да го носите цел живот. Од тие причини секогаш вреди да се инвестира во добро парче облека, безразлика дали е парче од познат дизајнер или пак локалната продавница за кожа.
Кожата може да ја најдете најчесто во црна боја, но чести се и останатите, кои сигурно добро ќе ви прилегаат. Има одлични парчиња во крем, кафена, бордо, темно зелена, маслинеста боја, кои се одлични за постудените месеци од годината.



Коментари

коментари