Модна лекција од две стилски дами – Кошула-фустанот е главно модно парче ова лето

Шпанската кралица Летисија и Првата дама Меланија дадоја одобрување за кошула-фустанот како главно модно парче ова лето

Првата дама на САД и кралицата н Шпанија се појавија во комплетно идентични стајлинзи на своите должности.
Во почетокот на минатата недела, Меланија Трамп посети една противпожарна станица во Вашингтон за што избра модел на кошула-фустан во светло сина боја со потписот на дизајнерката Rachel Roy во сина боја кој го искомбинира со бели балетанки од брендот Roger Vivien.

Во истата недела, кралицата Летисија од Шпанија избра сличен стајлинг за состанокот со шпанското министерство за здравје во посета на еден манастир во околината на Терагона.
Таа носеше идентичен кошула-фустан во светло сина боја и бели еспадрили кои се нејзин заштитен знак.

 




Коментари

[fbcomments]