Категории

Модната компанија „Boohoo“ ги покажува несовршеностите на женското тело и сите се воодушевени од тоа!

Секогаш кога ги прелистувате списанијата, или пак поминувате покрај рекламни постери на улиците, можеби сте почувствувале грч од завист. Завист што се појавува поради прекрасните модели и познати личности со ултра-мазна кожа и совршени тела.

Наспроти сите овие маркетинг кампањи, модната компанија „Boohoo“ одлучи да се рекламира на поинаков начин и доби огромни пофалби поради тоа на социјалните мрежи. Овој бренд објави фотографии од модели кои со гордост ги откриваат своите стрии, без никакви трикови и без фотошоп. И покрај тоа што ова не е првата компанија која воведе кампања која ги поддржува “вистинските жени”, наидоа на лавина поитивни коментари и мислења од луѓето. Погледнете како изгледаат моделите на „Boohoo“ без фотошоп!

 

Прегледи:
444
Објавено на:
29.06.2018