Категории

Модната ревија на Versace за есен 2021 – Враќање на ’70тите

Без помпа и со многу малку или без публика, Милано е главен град на модата овие денови. За време на модната недела во Милано, модната куќа „Версаче“ ја претстави својата нова колекција за есен-зима 2021/22. години.

По долги и неизвесни месеци, жедта за мода е силна, а колекцијата на модната куќа Versace за есен/зима 2021 година се обидува барем малку да ја изгасне. Затоа Донатела реши да ги врати модните трендови кои беа актуелни во седумдесеттите години од минатиот век. Геометриски принт карактеристика на споменатата деценија, платформи и дебели потпетици, фустани со А-линија. Џиџи Хадид се појави на модната ревија, која ја следеа голем број медиуми, по нејзината бременост, а таму беше и нејзината сестра Бела.

Прегледи:
85
Објавено на:
08.03.2021