Модни комбинации кои ја обележаа бременоста на Меган Маркл! (ФОТО)

Војвотката Меган Маркл наскоро на свет ќе го донесе своето прво дете, а во текот на целата бременост нејзиниот стајлинг беше внимателно одбиран.

Меган Маркл има специфичен моден вкус, па на класиката и додава своја лична модна нота. Таа е прогласена за стилска икона, а и најмоќна жена во светот на модата. Ана Винтур и оддала признание.
-Очигледно е дека нејзиниот стил е фантастичен- истакнува славната уредничка на американскиот магазин Vogue. – Во службената посета на Австралија и Нов Зеланд, Меган покажала почит кон домаќините со избор на релативно непознати австралијански дизајнери, што е навистина сјајно.
Бидејќи наскоро се очекува да пристигне новиот член на кралското семејство, ова е совршено време да се потсетиме на нејзините најубави модни комбинации во текот на бременоста.

 




Коментари

коментари