Категории

Моќни симболи во Келтската и Викиншката култура

Културите низ светот се исполнети со значителни симболи, кои често ја привлекуваат нашата љубопитност. Овде имаме компилација на симболи кои сигурно досега сте ги виделе, но не знаете од каде потекнуваат и што значат.

Келтска митологија

Трискелион

Зборот е грчки термин и значи „триножен’. Ако го погледнете од блиску, изгледа како три нозе кои трчаат. Значењето на овој Келтски симбол е конкуренција и напредокот на човештвото.

Трикетра

Зборот доаѓа од латинскиот јазик и значи „со три агли“. Претставува свет знак со повеќе значења. Тоа е симбол составен од три преплетени Риби, со интерсекција на три круга. Најчесто се користи како симбол за Свето Тројство.

Трипла спирала

Триплата спирала е симбол принајден во многу Келтски гробови и нацртан како една непрекината линија, која имплицира одново раѓање и воскресение. Теоријата зад значењето доаѓа од фактот дека многу од овие цртежи биле ставени на места каде што ги фаќаат првите сончеви зраци, и веројатно биле намерно поставувани тука.

Келтското дрво на животот

Дрвото на животот игра огромна улога во Келтската спиритуалност. За Келтите, дрвото било извор на живот, носител на храна, на скривалиште и носител на гориво за готвење и топлина. Без дрвата, живеењето би било невозможно. Келтските приказни викаат дека дрвата се предците на луѓето, мудри суштества кои ја направиле азбуката, календарот и влезот кон земјите на Боговите.

Детелинка

Иако се смета за амајлија за среќа, таа има многу подлабоко значење. Друидите верувале дека покажува три-во-едно концепт за трите доминанти на планетата: небото, морето и месечевите стадиуми. Во Келтскиот фолклор, детелинката е симбол против злото. Се поврзува и со Свети Патрик, патрониот светец на Ирска.

Зелениот човек

Зелениот Човек е антички Келтски симбол. Во Келтската митологија, тој е Богот на пролетта и летото. Се верува дека исчезнува и се враќа секоја година, година по година, и со тоа ја покажува смртта и воскреснувањето и кругот на животот. Легендата за Сер Гавејн, Зелениот Витез, е очигледна алегорија на Зелениот Човек од средновековието. Гавејн носи зелен шлем, зелен штит и има зелен коњ. Откако го обезглавиле, продолжил да живее.

Викиншка митологија

Тројниот рог на Один

Овој Викиншки симбол е направен од три преплетени рогови за пиење, и најчесто се носи како доказ за вербата во модерната религија Асатру.

Игдрасил

Игдрасил, Јасенот на Нордискиот Свет, е џиновско митско дрво кое ги држи заедно Деветте Светови, или Земјите на постоењето. Јасенот на Нордискиот Свет е заштитен од змија. Игдрасил е еден од многуте варијации на Светско Дрво, познато во повеќе култури.

Јулбок

Јулбок, или Јул-коза, е универзален симбол на зимските празници во Скандинавските држави. Уште во пред-христијанската доба, Јулбок постоел како Пагански симбол, а подоцна бил прилагоден кон Христијанските обичаи. Во Паганскиот нордиски регион, козата претставувала рано-божествени репрезентации на Один, во количка носена од страна на кози. Тоа е на интересен начин слично на подоцнежните прикажувања на Дедо Мраз.

Тролски крст

Тролскиот крст е амајлија која се состои од кружно железо, прекрстено во основата. Амајлијата била носена од страна на рано-скандинавските народи, и ги штитела од тролови и елфи.

Валкнут

Значењето на овој симбол е „јазол на убиството“. Најден е на надгробни плочи, за да покаже дека причината за смрт на мртовецот е убиство.

Прегледи:
506
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.08.2020