Моќта на краставицата во третманите за убавина

Краставицата е една од омилените производи кои се користат во третманите за убавина. Тоа е благодарение на нејзиниот антивоспалителен ефект, хидратацијата која ја нуди на кожата и антиканцерогените својства.

1. Темни кругови околу очите

Краставицата има дејство да ги смири отечените и темни кругови околу очите, а вооедно и да ги намали. Затоа често во рекламите може да се видат жени со кругчиња краставици врз очите.

2. Изгореници

За време на летниот одмор на сите ни се има случено да останеме подолго на плажа и да „заработиме“ изгореници. Токму краставицата помешана со јогурт е идеален избор кој ја лади и обновува кожата при изгореници.

3. Anti-age ефект

Со помош на краставицата можете да заборавите на грижите поврзани со стареењето. Освен што има многу антиоксиданси-краставицата исто така и ја овозможува потребната свежина и цврстина на кожата.

4. За поголем сјај

Ако на вашата кожа и недостасува сјај,делува уморно и суво-краставицата ќе ви помогне на природен начин да ја обновите кожата. Придобивка е и тоа што таа е извор на витамин Ц кој ќе го изедначи вашиот тен.

Зарем се потребни повеќе причини за да ја направите вашата природна маска за убавина која ќе содржи краставица?




Коментари

коментари