Моќта на мајчината љубов е несопирлива

Моќта на мајчината љубов е несопирлива – Поучна приказна која ќе ви го стопли срцето

Во плодната долина на Андите живеело мирољубиво племе. Еден ден група ограбувачи кои се сокривале во планините, го нападнале селото. Во одземениот плен се нашло и едно дете, па и него го повеле со нив во планините.

Луѓето од рамнината не знаеле како да дојдат до детето, затоа што немало никаков пат до карпестите пустелии. Сепак испратиле група од своите најдобри војници да го побараат детето и да го вратат дома. Луѓето се обиделе се обиделе на секаков начин, се качувале по левата, па по десната страна. Но нити после неколку денови макотрпно одење не стигнале далеку.
Кога виделе дека се потполно немоќни и дека трудот им е залуден, одлучиле да се вратат назад.
Одеднаш ја забележале мајката на детето како се враќа од планината која не можеле да ја искачат. На грбот во вреќа го носела својот син.
Како успеала?
Еден од луѓето од групата ја поздравил и и рекол:
„Ние сме најсилните луѓе во селото, а не можевме да ја преминеме планината. Како ти успеа?“

Жената само ги спуштила рамената и возвратила:
„Затоа што тоа не беше вашето дете.“




Коментари

[fbcomments]