Категории

Моќта на смеата: Како комедијата влијае врз менталното здравје?

Смеата е природен лек којшто помага при отстранување на стресот и има неверојатна способност да ни ја подобри енергијата.

Во продолжение, дознајте кои се психолошките придобивки од смеата:

  • Кога се смееме, нашиот мозок ослободува ендорфини, хормони за добро расположение кои делуваат како природни лекови против болки.
  • Кога се смееме, се намалуваат анксиозноста и депресијата, а ние се чувствуваме многу подобро и поздраво.
  • Се ослободува допамин, невротрансмитер којшто се асоцира со задоволство.
  • Со тоа што Вашиот мозок е во релаксирана и позитивна состојба, Вие автоматски станувате покреативни.
  • Со смеата, стануваме поотпорни кон негативните емоции.

Следниот пат, кога ќе бидете тажни, вметнете доза на смеа. Смеата не е само забава, смеата е терапија!

Прегледи:
236
Објавено на:
25.12.2023