Категории

„Молбите до Бога“ – Мудра приказна за вербата и човечноста

Милијарди луѓе стоеле околу Божјиот престол. Многумина биле воодушевени, а некои биле бунтовни.

Милијарди луѓе стоеле околу Божјиот престол. Многумина биле воодушевени, а некои биле бунтовни.
„Зарем Бог смее да суди? Зошто се човечките страдања?“ – рекла една жена и на раката покажала тетовиран логорски број. „Само затоа што бев еврејка“ – рекла.

Потоа некој маж со темна кожа го покажал својот врат на кој имало трага од синџир.
„А што велиш на ова? Само затоа што бев црнец“

Дошла една млада жена од балканските простори и рекла:
„Зошто јас морав да трпам? Моето дете е плод на силување“

Така многумина од дошле да му приговараат на Бог
„Како Бог ќе им суди на луѓето? Нему му е убаво во оваа светлина и леснотија.“

А тогаш луѓето почнале да побаруваат:
„Нека Бог види колку е тешко да се биде човек!“
„Нека види како е да се биде евреин!“
„Нека легитимноста на неговото зачнување е засенета со сомнеж!“
„Нека се мачи за свој леб во пот на своето лице!“
„Нека види како е тоа кога те издава пријател!“
„Нека биде осуден на поставена замка“
„Нека биде погубен во маки!“

И тогаш сите одеднаш престанале да викаат. Сфатиле дека Бог пред 2000 години ги исполнил нивните барања.

Прегледи:
63
Објавено на:
29.04.2020