Категории

Момче со инвалидитет прави кревети за кучиња и мачки

Приказната за Елиас го заобиколи цел свет, бидејќи и покрај својот инвалидитет покажува дека тоа не го спречува да му помогне на семејството. Многу луѓе имаат погрешна претстава дека луѓето со инвалидитети имаат ограничувања во извршувањето на обврските, но Елиас покажува дека тоа не е точно.

 

Елиас има 22 години и живее во Мексико. Тој прави кревети за мачки и кучиња и ужива во тоа. Додека ги црта и обликува, мајка му му помага во дизајнирањето, шиењето и полнењето на перниците.

„Главната цел на проектот е мојот син да биде независен, бидејќи ние како родители нема да бидеме тука засекогаш. Тој ги сака животните, ние ги сакаме животните и така уживаме, а правиме и корисна работа. Секако, на миленичињата им се потребни кревети за спиење.

Задоволните купувачи испраќаат фотографии од своите кучиња и мачки на креветчињата направени од Елиас, а тој е горд што им се допаѓаат. Ова прекрасно семејство без обзир на тешката ситуација еден дел од приходите го користи за купување на храна за уличните животни, што ја прави целата приказна уште поубава.

Прегледи:
333
Објавено на:
21.09.2021