Категории

Моментот кога редок снежен леопард ќе се сретне со група скијачи

Група од пет скијачи имала неочекувана средба со снежен леопард во Гулмарг, Кашмир, пишува Mashable.

„Додека скијавме на падините за малку ќе прегазевме снежен леопард“, вели австралискиот скијач  Овн Лансбури, кој го снимал интересниот настан и видеото го објавил на Facebook.

Снежните леопарди се загрозен вид на животни на кои им се заканува истребување поради зголемените температури од климатските промени, губењето на местото на живеење и ловењето. На индиските Хималаи има помеѓу 500 до 4.000 снежни леопарди.

Прегледи:
109
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
16.02.2016