Категории

Момо Капор: „Новата година е за аматери, за оние кои никогаш не остануваат по полноќ во кафаните“

Откако знаеме за себе, чекаме. Неутешно ги чекавме девојките кои не доаѓаа, парите и славата, возовите и годишните времиња кои доцнеа.

Покојниот Борислав Михајловиќ Михиз со години гледал само неколку моменти од телевизискиот дневник и веднаш го гасел телевизорот. Го прашале пријателите зошто го прави тоа, а тој им рекол дека она што тој го чека го објавуваат во првата минута од вестите. И го дочекал. Дали бил среќен? Не би се можело да се каже. Се појавил некој друг помлад од Михиз, па не вредело да се чекаат првите минути од вестите…

Најдобро беше кога беше најлошо. Човек имаше што да чека…

Чекавме да престанат да ги апсат шефовите на салите и келнерите кои имаа храброст да ги изгаснат на момент светлата од кафаните за православна нова година точно на полноќ. И што? Сега веќе никој не ги затвора. Беше многу поубаво кога ја славевме кришум, полутајно. Сега стана официјална, како здодевен брак.

А што е најлошо, наместо нам да ни платат што чекаме и што се давиме со краватите и се убиваме со прегласна музика, ние сами плаќаме за тоа! Сепак, некако ми е жал за старата година. Не беше Бог знае што, никакво посебно чудо, но сепак со неа живееме триста шеесет и пет денови и ноќи, старејќи од ден на ден на свои очи. А и сами знаеме колку е тешко да се живее со нас!

И што сега? Ја заменуваме со помлада и поубава, како да нема да остаре и таа. Тоа и е, значи благодарам, што потрошила толку време на нас. Сѐ уште не сум слушнал старата година да се омажила во некоја среќна земја за некои подобри од нас.

Каде ќе ја чекам новата година? Нигде.

Нека ме чека малку таа мене. Можеби и ќе дојдам.

Прегледи:
565
Објавено на:
23.12.2019