Категории

Момци, внимавајте: Жените сè повеќе изневеруваат додека вие гледате натпревари

Додека мажите се забавуваат овој месец гледајќи по 3 натпревари дневно, својата „забава“ ја наоѓаат и една четвртина од жените, застранувајќи во неверство. Но, и момците го користат Европското првенство како изговор за неверство.
Шокантното истражување спроведено од Gleeden, сајт за онлајн запознавање на зафатени луѓе, открило дека жените нема многу да го толерираат машкиот недостаток на внимание за време на фудбалското првенство. Овој француски сајт со два милиони членови првенствено е свртен кон жените кои се веќе во врска или брак.

Тие откриле дека за време на Светското првенство во фудбал во 2014 година, бројот на регистрирани жени пораснал за 71 отсто за еден месец. Тоа во превод значи дека во просек секој ден се регистрирале по 1.400 жени. Тие ги испитале своите 5.000 членки, а четвртина од нив признале дека се занимаваат со неверство додека сопругот или момчето гледаат фудбал. Само 12 отсто од нив би ги гледале натпреварите со својот партнер

02-zeni-izneveruvaat-5

Истовремено, 76 отсто од мажите би рекле „одам да гледам натпревар“ како изговор за да ја изневерат партнерката.

Но, како што пишува Daily Star, оние кои се надеваат на неверство во Франција, треба да внимаваат бидејќи сифилисот е во голем пораст. Исто така, сите кои ќе побараат услуга од проститутка на ЕП ќе бидат казнети – казната за секс со проститутка е 1.500 евра, а ако некого фатат два пати ќе плати 3.750 евра.

3

Прегледи:
337
Објавено на:
14.06.2016