Категории

Монети инспирирани од ликот на Шерлок Холмс! (ФОТО)

Бритнската кралска ковачница на пари соопшти дека пред неколку дена биле создадени првите метални монети во вредност од 50 пени на кои се наоѓа ликот на Шерлок Холмс, јунак од романот на писателот Артур Конан Дој. 

Во објавата на Твитер стои дека со монетите на кои го има ликот на Шерлок Холмс се одава почит на вистинскиот мајстор на детективскиот жанр.
Издавањето на монетите е посветено на 160 годишнината на раѓањето на писателот.
Инспирацијата за изгледот на овие монети била од авантурите на јунакот.
„ При создавањето на монетите ги изгравирав најпознатите авантури на Шерлок Холмс, но бев принуден да направам релативно мали букви. Се надевам дека тоа ќе го разбуди „внатрешниот детектив“ кај тие кои се заинтересирани за овие монети “- истакнува дизајнерот на монетите, додавајќи: „Секако, единствен начин да се реши загатката (текстот) е да се употреби неодвојливиот атрибут на бестрашниот детектив-лупа. Елементарно-драги мој Вотсоне!“

Прегледи:
510
Објавено на:
16.05.2019