Моника Белучи ја замени со 30 години помлада манекенка. Погледнете ја девојката на Винсент Касел

Познатиот француски актер Винсент Касел не ја крие својата љубов. Поранешниот маж на една од најубавите жени во светот, Моника Белучи, повторно е на седмо небо. Овој пат станува збор за драстично помладата манекенка Тина Кунакеј (21).


„Тоа беше магичен момент. Бевме на исто место во исто време. Не можам да откријам детали на нашето познанство, но ќе кажам дека двајцата сакаме сурфање“, раскажала манекенката Тина Кунакеј (21).

Како што тврди таа, од 2016-та година е во врска со 30 години постариот француски актер Винсент Касел (51) кого го запознала на Ибица.

Happy 21 TK mon ❤ #enfinmajeureetvaccinee #atoutdesuite

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcassel) on


„Израснав на село. Немавме телевизија и не одевме во кино. Кога бев дете, моите интереси беа ограничени на училиштето и фудбалот“, раскажала младата манекенка и така објаснила како е возможно да не била свесна дека Винсент е познат актер.

Тврди дека сфатила кој е тој, откако за време на еден ручек се појавиле папараци. Парот живее заедно во Рио и најмногу сакаат да одат на сурфање на плажата Ипанема.


„Тина и моите ќерки се боженствени суштества без кои едноставно не можам да живеам“, се пофалил Касел неодамна. Тина и Винсент редовно објавуваат заеднички фотографии и не ја кријат љубовта, а честопати одат и на одмор заедно.

„Париз е многу мал за оние кои се сакаат со толку голема љубов како што се сакаме ние“, истакнал актерот на една фотографија со манекенката.

Ниту Касел, ниту пак Моника никогаш не ги коментираа причините за својот развод, но актерката своевремено изјавила дека е смешно да очекувате мажот да ви биде верен ако сте долго време раздвоени.


„Франција е тешка, знаете. Тоа е толку агресивно место, особено Париз“, изјавил Касел објаснувајќи зошто се преселил во Рио де Жанеиро. Тој вели дека љубовта прави чуда, а додека жените бараат сигурност, мажите се во потрага по авантура.




Коментари

[fbcomments]