Категории

Мора да ја има во вашето мени. Еве зошто!

oily-fish-health-food

Лекарите и нутриционистите за здрава храна ги повторуваат препораките дека на трпезата треба да имаме што почесто риба како извор на минерали и витамини. Како пример ги наведуваат Јапонците, Kинезите и жителите на морските земји, бидејќи тие во исхраната често користат риба па во просек и живеат подолго и имаат помалку проблеми со малигни и кардиоваскуларни заболувања.  Иако современите лекови и препарати се богати со потребните витамини и минерали, сепак најздраво е да се внесат во организмот на природен начин, со природна и здрава храна. Затоа, потребно е да се јаде риба неколку пати неделно за да внесеме доволно хранливи и лековити состојки.

Она што рибата ја прави посебна е фактот дека содржи малку калории, а многу корисни материи потребни на организмот. Бакар, белковини, витамини од Б комплексот, железо, јод, калиум, калциум, натриум, незаситени масни киселини, протеини, селен, цинк. Докажано е дека месото од риба и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење. Рибиното месо делува како лек против: акни, анемија, анксиозност, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, губиток на помнење, депресија, импотенција, имунодефициенција, некои видови рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, ПМС синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен умор, намалени триглицериди во крвта, намалени липиди во крвта, стрес, го успорува стареењето.

fish1

Рибата треба често да се внесува како храна, покрај останатото и затоа што организмот не може да ги синтетизира полинезаситените масни киселини, туку треба да се внесат со исхрана. Морската риба е богат извор на минерални соли, првенствено на јод, калиум, натриум, бакар, селен, цинк. Сите врсти на риба содржат витамини од Б групата – Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем. Рибата е богата со калиум, кој е неопходен за раст, развој и одржување на еластичноста на ткивата  со калциум неопходен за правилен раст и одржување на цврстината на коските и забите.

Печена, пржена, или варена. Со зеленчук, сосеви или само риба во комбинација со чаша добро вино! Изборот е ваш.

Прегледи:
440
Објавено на:
17.06.2016