Категории

Морето исфрли илјадници киндер јајца

Десетици илјади киндер јајца исфрлило морето на брегот на германскиот остров Лангеог во четвртокот, ден по големата бура којашто го зафати регионот.

Децата, но и возрасните и туристите, поитале кон плажите преполни со црвени, сини и жолти пластични капсули со играчки. Се протегале во должина од неколку километри, пренесува агенцијата DPA.

„Веројатно има повеќе од 100.000 јајца“, изјавил Уве Гарелс, началникот на Лангеог, остров во Северното Море.

Дечињата се радуваа, но за него ова не е смешно. „Ова претставува големо еколошко загадување и голема опасност за животните“, појаснил

Киндер јајцата на брегот испливале без чоколадната обвивка, а покрај нив имало и пластични вреќички со „Lego Star Wars“ фигури.

Се претпоставува дека киндер јајцата потекнуваат од пет контејнери кои испаднале одтоварен брод кој пловел од Кина кон пристаништето во Бремен, како резултат на бурата „Аксел“. Локалните медиуми наведуваат дека на локалните власти ќе им бидат потребни преведувачи, бидејќи некои од написите на јајцата се напишани на кирилица.

https://www.youtube.com/watch?v=lN78oGGsTbk

Извор: Макфакс

Прегледи:
60
Објавено на:
07.01.2017