Категории

Мотивациски говори – “Приказна за хероите од мојот град”

Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје организира мотивацскиот настан на тема “Приказна за хероите од мојот град”, кој се организира со цел промоција и подигнување на јавната свест за значењето на општествениот активизам, вредности и борбата за подобрување на општеството во кое живееме.

Настанот  ќе се одржи на  27.септември  (четврток) со почеток во 18ч. во новиот Дом на култура – Автокоманда (стар театар Чекори).

На настанот ќе имате можност да ги слушнете личните приказни за патот до успехот на:

Виолета Котевска – главна сестра на Клиниката за Анестезиологија, реанимација и интензивна нега, низ чија приказна, ќе ја слушнеме приказната на илјадници медицински сестри кои успешно ја вршат својата професија.

Марко Кртолица– најинспиративен асистент меѓу студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој ќе ја сподели својата приказна за секојдневен придонес кон интелектуален и духовен развој  на млади луѓе, идни борци за правда.

Ребека Ј. Ристески – храбар и истраен родител, успешен музички уметник и основач на здружението “Дајте ни крилја” за подобрување на состојбата на лицата со ретки болести, дисфункции и посебни потреби преку едукација, информирање и соодветна инклузија на истите во општеството

Повеќе информации за настанот: https://www.facebook.com/events/285100302311754/