Категории

Motorola + Android One

Семејството на Motorola добива уште еден нов член – motorola one. Овој Android One смартфон ви го дава омиленото Android искуство, три години редовни безбедносни ажурирања и уште повеќе можности на камерата со Google Lens. Но тоа е само за почеток, заедно со moto experiences ексклузивните функции тој е подготвен за секакви предизвици.

Android One: Интелигентен, сигурен, едноставно неверојатен

 Го добивате најновиот софтвер и AI иновации од Google директно на вашиот смартфон. Android One ви дава интелигентен, сигурен и практичен уред.

=Интелигентен: Препознавајте текст, барајте рецепти, преведувајте зборови, разгледувајте ја омилената облека и многу повеќе со Google Lens апликацијата, која е вградена во камерата на телефонот. Покрај тоа, со Google Photos добивате неограничен простор за складирање на фотографии со висока резолуција. Јавувајте се, барајте информации и гледајте видеа на YouTube со гласовни команди благодарение на можностите на Google Assistant.

Сигурен: Со Android One, motorola one ќе добие две ажурирања до најновата верзија на Android. Освен тоа, со Google Play Protect ви нуди сигурност, како и месечни ажурирања за заштита, кои се загарантирани за следните три години. 1

Неверојатен: Заборавете на претходно инсталираните апликации и заменете ги со Andoid OS заедно со moto experiences. Добивате не само пристап до најновите софтверски ажурирања, туку и повеќе простор за складирање и контрола врз искуството со вашиот смартфон.

Покрај тоа, телефоните од motorola one серијата ќе бидат меѓу првите кои ќе добијат ажурирање до Android™ 9 Pie (Android P) веднаш по премиерата на последната верзија од најпопуларниот оперативен систем во светот.

motorola one

Тој е модерен, со елегантен стаклен дизајн и неверојатен 5.9” HD+ 19:9 Max Vision екран. motorola one е совршениот начин да снимате 4K видеа, да ја читате омилената книга на поголем екран, да пишувате забелешки и да правите неколку работи истовремено со опцијата за разделување на екранот. И сето тоа само со една рака.

Со 13MP двојната задна камера и 8MP селфи камерата, ќе ги снимите сите неочекувани моменти. Искористете некои од функциите за портрет, cinemagraph или пак time-lapse режим и со motorola one секогаш ќе го имате она прекрасно зајдисонце кон кое ќе може да се навратите и неверојатни слики за вашиот Instagram профил од забавата од претходната вечер. А со можностите на вештачката интелигенција, вградени во Google Lens, можете да бидете во интеракција со светот со едноставно насочување на камерата. Направете слика на случајно избрано куче и Google ќе ви каже која е неговата раса.

Никогаш не било полесно да бидете опуштени кога станува збор за траењето на батеријата. Сега имате енергија за целиот ден со само едно полнење, што значи помалку пропуштени можности и помалку грижи за губење на GPS координатите кога сте надвор. Кога батеријата сепак ќе се испразни, вклучете го TurboPower полначот и ќе добиете енергија до 6 часа со само 20-минутно полнење. 2

8-јадрениот 2.0 GHz процесор Qualcomm® SnapdragonTM 625 обезбедува одлични перформанси и гарантира дека вашиот уред веднаш ќе реагира на секој допир на екранот.

Некои карактеристики, можности и спецификации на производите може да зависат од мрежата и да бидат предмет на дополнителни услови, прописи и надоместоци. Сѐ подлежи на промена без претходна најава. MOTOROLA и стилизираното лого M се регистрирани трговски марки на Motorola Trademark Holdings, LLC. Android One и другите марки се трговски марки на Google Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните соодветни сопственици. © 2018 Motorola Mobility LLC. Сите права се задржани.

 1motorola one пристига со Android O и ќе биде ажуриран до верзија P и Q. Безбедносните ажурирања ќе пристигаат во продолжение од три години од датумот на светската премиера, која е на 13 септември 2018г.

 2Сите тврдења во однос на капацитетот на батеријата се приближни и се засноваат на профилот на стандардниот корисник (кој вклучува како режим на работа, така и режим на подготвеност) при оптимални услови на мрежата. Вистинската издржливост на батеријата ќе варира и зависи од многу фактори, вклучувајќи ја јачината на сигналот, конфигурацијата на мрежата, возраста на батеријата, работната температура, избраните функции, поставките на уредот, спроведените разговори, користените податоци и употребата на други апликации. Батеријата треба да биде значително испразнета. Стапката на полнење се успорува со продолжена употреба.

 За Motorola

Motorola Mobility LLC беше купена од Lenovo Group Holdings во 2015г. Motorola Mobility е подружница на Lenovo и е одговорна за дизајнирање и производство на сите производи со марката Moto и Motorola.

 За Lenovo

Lenovo е глобална компанија, вредна 45 милијарди долари, светски рангирана во Fortune 500 со визија да стане лидер во сферата на интелигентната трансформација со посредство на паметни уреди и инфраструктура кои го обезбедуваат најдоброто корисничко искуство. Портфолиото на Lenovo е едно од најшироките во светот со поврзани производи, вклучувајќи смартфони (Motorola), таблети, компјутери (ThinkPad, Yoga, Lenovo Legion), работни станици, како и AR/VR уреди и паметни решенија за дома. Решенијата за центри за податоци на Lenovo (ThinkSystem, ThinkAgile) создаваат капацитет и компјутерска моќ на врските кои го менуваат бизнисот и општеството. Lenovo работи за да ја инспирира разликата во сите и да изгради попаметна иднина каде што секој успева. Следете нè на Facebook или посетете не на www.lenovo.com/mk/mk/.

Прегледи:
484
Објавено на:
04.09.2018