Може ли денот да трае повеќе од 24 часа?

Денот трае 24 часа само затоа што човекот сакал така да го подели. Не постои ништо во природата што е во врска со часовите, минутите, секундите. Оваа поделба на времето човекот ја направил според своја желба. Но, има нешто во природата што се случува во еден ден.

Секогаш, кога Земјата ќе се сврти околу својата оска, поминува определено време што го викаме ден. Научниците, со помошта на ѕвездите, точно можат да го измерат тоа време. Во опсерваториите се наоѓаат т.н. „ѕвездени часовници“.

Ѕвездениот ден почнува од моментот кога една ѕвезда ќе премине преку меридијанот и трае до моментот кога одново ќе го премине. Бидејќи човекот го поделил денот на часови, минути и секунди, ние точно можеме да кажеме колку трае ѕвездениот ден: 23 часа, 56 минути и 4.09 секунди. Но, бидејќи е тешко во практичниот живот да го употребуваме ѕвездениот ден, земаме денот да трае 24 часа, па на високочната година и додаваме еден ден поради исправка на оваа разлика. Во старо време луѓето верувале дека денот трае од изгревот до залезот на сонцето. Времето на траењето на ноќта не се сметало.

Грците сметале дека денот трае од еден до друг залез на сонцето, а Римјаните од полноќ до полноќ. Додека не биле пронајдени часовниците, се сметало дека денот и ноќта траат по 12 часа. Таквата поделба не била практична, зашто должината на денот и ноќта се разликува во одделни годишни времиња. Денес во повеќето земји со закон е утврдено дека денот трае 24 часа и тоа од полноќ до полноќ, спрема римското сметање на времето.




Коментари

коментари