Може ли вашето куче да добие изгореници од сонцето?

Дали вашите миленици се безбедни од УВ зраците? Не, сонцето за жал не ги поштедува и нив.

Дури и вашето куче може да изгори, иако кучињата обожаваат да уживаат во сонцето во текот на летото. Погледнете ги сите важни работи што треба да ги знаете за спречување на изгореници кај кучињата.

Како и луѓето и кучињата исто така можат да добијат карцином на кожата поради прекумерна изложеност на сонце без заштита. Запомнете дека е задолжително да нанесете крем со заштитно средство погодно за кучиња за да спречите сериозни изгореници.

Чувствителна раса на кучиња на сонце

Кучињата со тенки или светли влакна се повеќе подложни на изгореници затоа што сончевите зраци можат да ја оштетат нивната кожа побрзо за разлика од расите со густи и темни влакна.

Најчувствителни области

Кучињата горат најчесто на грбот, но не треба да заборавиме и на другите области, вклучувајќи ја и муцката, ушите и абдоменот, кои исто така се многу чувствителни на сончевите зраци. Предупредување! Не нанесувајте крем со заштитен фактор којшто вие го користите, бидејќи кучињата често го лижат своето тело, а состојките во човечките креми содржат цинк оксид или пара-аминобензоична киселина, што е токсично за кучињата. За кучиња, секогаш изберете крема за сончање наменета за нив.

Алтернативни форми на заштита

Ако вашето куче не е љубител на креми, постојат и кошули за кучиња кои што го штитат од сонцето, но покрај тоа, чувајте го кучето во затворена просторија или под чадор кога сонцето е најсилно.

Како да се третира изгорената кожа кај кучињата

Ако забележите дека врвовите на увото се суви и испукани, тоа е сигурен знак дека вашето куче има изгореници. Кога кучињата кашлаат, тоа е исто така лош знак. Очигледни знаци, како црвена кожа кај луѓето, не се секогаш присутни кај кучињата, но ако ги забележите или ако вашето куче е невообичаено топло на допир, веднаш пренесете го во сенка и ставете ладна, влажна крпа за да ја смирите иритираната кожа. Кучињата исто така можат да имаат треска ако се изгорени од сонцето.




Коментари

коментари