Категории

Успеавме да му помогнеме на Јован, но можеме повеќе – акцијата продожува

Пред неколку дена докажавме дека доколку сме сплотени можеме да направиме вистинска промена која за некој значи многу. За неполни три дена успеавме да обезбедиме нов лаптоп и облека за младиот и амбициозен Јован.

Јован има 11 години и живее со својот татко кој за да обезбеди парични средства собира пластични шишиња. За жал Јован имал и неуспешна операција на неговите колкови и на 16ти Септември се очекува да биде неговата втора операција со цел да се подобри неговата состојба. Но, и покрај неговите моментални услови на живот Јован е дете со посебен сјај и позитивност во неговите очи, подготвен да учи и напредува, се што му е потребно е поддршка на патот кон успехот.

Бидејќи среќата се множи кога се дели, ве повикуваме повторно да помогнеме!

До 12ти Септември е продолжена акцијата посветена на Јован она што моментално е потребно да се обезбеди е: средства за хигиена, долен веш, интернет.

Вашите донации може да ги доставите во текот на целиот ден на единствениот брод кој се грижи за вашата среќа – Бродот на Среќата најдоцна до 20:00 часот .

Доколку можете да помогнете на било кој начин ве замолуваме да се обратите на официјалната фејзбук страна на Ways2help или нивниот инстаграм профил @ways2help.mk

До наредна успешна акција, негувајте ја хуманоста во вашите срца за да се отслика на насмевката на вашите лица.

Прегледи:
94
Објавено на:
04.09.2020