Можеш да бидеш многу нешта во животот, зошто да избереш нешто досадно?

Постојат безброј опции што можеш да бидеш во животот, зошто би избрал да си нешто досадно?

Да имаш можност да одбереш нешто е бесценето. Но ти упорно го затвораш својот ум во малиот тесен свет на општествени оквири. Зошто се убедуваш себеси дека не можеш повеќе од тоа? Зошто мислиш дека тоа е крајот и секој оној кој ќе излезе од тие оквири е осуден на неуспех и пропаст?
Замисли, тоа што денес се смета за вообичаено и секојдневно, некогаш било посматрано со ист поглед на осудување. Било сметано за чудно и неприфатливо.
Кога имаш избор да бидеш се што ќе посакаш, зошто би избрал да си нешто кое не те исполнува?
Зошто би продолжиш да ја работиш работата која полека те убива и би се откажал од твојот сон само за да бидеш безбеден? Комфорот е пријатен но на долга патека тој е бавна но сигурна смрт. Ризикот е она кое го сочинува животот, затоа што во него и онака ништо не е пропишано.

Зошто дозволуваш да се изгубиш во масата, зошто би се стопил себеси со другите само за да бидеш како сите нив? Зошто би сакал да бидеш уште една копија која ќе биде заборавена кога можеш да бидеш нешто кое ќе те издвои и направи да бидеш нешто поинакво, поголемо и посилно.

Застани за миг и престани да слушаш што ти зборуваат другите. Барем за миг престани да бидеш нормален и поверувај во своето лудило, можеби таму се крие она кое е најдобро за тебе.




Коментари

[fbcomments]