Можеш да имаш десет куќи – Но домот е таму каде што е мајката

Мала девојка била прашана каде е нејзиниот дом. „Таму каде што е мојата мајка“, одговорила. 

Тешко на оној кој се замерил со своите родители. Родителскиот благослов е најголемо богатство кое децата можат да го добијат. Особено мајчинскиот благослов – тоа е големо нешто!

Човек ја сака својата мајка и не знаејќи, не мислејќи, затоа што тоа е природно како и животот: И дури во мигот на последната разделба, тој забележува колку е длабок коренот на таа љубов. Со неа не може да се спореди никаква друга љубов, затоа што останатите се јавуваат подоцна, а оваа е од раѓање.

Се што ни донесуваат случајностите во животот, таа живее од првиот ден во нашата крв. Освен тоа, ние тогаш не губиме само мајка, со неа исчезнува и половината од нашето детство, затоа што во нашиот дотогашен живот таа завземала исто толку место колку и ние.

~ Мајка. Тоа е банка во која ги оставаме сите наши болки и грижи. Вашата мајка е повредна и позначајна од сите овоземски богатства. Повикајте ја вашата мајка и кажете и дека ја сакате.

~ Запомнете, вие сте личност која го слушнала чукањето на нејзиното срце уште додека не сте биле на овој свет. Мајчиното срце е длабочина на чие дно секогаш ќе пронајдете простување.

~ Мојата мајка е песна која никогаш нема да ја напишам иако се што пишувам е посветено на мојата мајка.

~ Мала девојка била прашана каде е нејзиниот дом. „Таму каде што е мојата мајка“, одговорила.

~ Оној кој останал без мајка ја изгубил чистата душа која стално го благословувала и чувала.

~ Мајчината љубов е гориво кое му овозможува на човечкото битие да го направи она што е невозможно.




Коментари

[fbcomments]