Категории

Можеш да имаш сè, но ако немаш душа – Немаш ништо!

Затоа што на крајот, душата е онаа која ќе биде ставена на мерка кога другите ќе кажат колку си вредел, а не твојот имот и богатство.

Што ќе ти е да имаш се – ако немаш душа. Колку вистиснки вреди сето богатство ако доаѓаш дома во празна куќа, или таму те очекува личност која е тука само поради твоето богатство а не поради тебе. Што ќе ти е и да имаш некој кој неизмерно те сака, ако ти не чувствуваш љубов и прифаќање спрема себеси, ако не можеш да пронајдеш задоволство нити во најмалите нешта кои те опкружуваат и постојано броиш нешта кои ти недостигаат.

Можеш да имаш се, а сепак да немаш ништо. А можеш да немаш ништо а сепак да имаш се – ако имаш душа иако знаеш да му радуваш на животот. Ако знаеш да ги цениш миговите поминати со оние кои ти значат, оние кои се тука покрај тебе во секое време, пријателите, саканите, ако ја имаш нивната поддршка и тогаш кога имаш празни раце.

Сите доаѓаме празни на овој свет а такви и заминуваме од него. Душата е она кое го носиме со себе, ако не умееме да покажеме милост и добрина кон слабите и благодарност на храбрите, не сме успеале во ништо во животот.
Затоа што на крајот, душата е онаа која ќе биде ставена на мерка кога другите ќе кажат колку си вредел, а не твојот имот и богатство.

Прегледи:
345
Објавено на:
28.04.2020