Категории

Можете ли да ја препознаете? Од слатко девојченце до македонска поп ѕвезда! (ФОТО)

Македонската поп пејачка ова лето е во кампања. Од реклами за долна облека и  костими за капење на еден познат македонски бренд, преку историскиот натпревар во УЕФА Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8-ми август во Скопје, па се до рекламата за светски познатиот бренд на безалкохолни пијалоци, кој е еден од спонзорите на фудбалскиот настан на столетието во македонската метропола!

За кампањите да бидат како што треба, неопходна добра реклама, за која меѓудругото се многу важни и социјалните мрежи! Во меѓувреме меѓу две реклами, русокосата убавица најде време да се потсети и на детството, па постираше фотографија, за прв пат постирана уште пред 6 години. На неа слатко мало девојченце со нејзината мајка.  Таа и Татјана Луговаја… во нивната родна Русија! Ако погодивте за кого се работи – секоја чест! Кој не погодил, уште еднаш нека нека се обиде да проба… Слатката мала е Викторија Лоба!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
408
Објавено на:
18.07.2017