Категории

Можна причина поради која сомнителната болест го опфати светот

Речиси половина Словенци веруваат дека економијата нема да се опорави од кризата на коронавирусот пред 2023 година, покажува истражувањето кое го спровела агенцијата за испитување на јавното мислење Медиан.

Меѓутоа, исто така се поголем е бројот на луѓе на кои им е прилично удобно да работат од дома.

Во своите најнови истражувања институтот Медиан се интересирал за мислењето на луѓето околу економското опоравување, нивниот моментален работен статус и промените во нивниот однос спрема работата од дома.

Во јули кога ситуацијата со коронавирусот беше релативно стабилна, луѓето биле внимателно оптимистични во поглед на економското опоравување.

Речиси секој петти испитаник очекувал дека економијата повторно ќе застане на нозе во 2021 година или порано, додека секој четврт во 2022 година.

Секој трет испитаник рекол дека веројатно нема да се опорави пред 2023 година.

Сега кога вториот бран тешко ги погоди голем дел од земјите, воочена е промена на ставот на луѓето спрема работата од дома.

Додека во јули на половина од испитаниците не им било грижа дали ќе работат дома или од канцеларија, сега голем дел од нив кои го делеле ова мислење, опаднал за 15%.

Прегледи:
691
Објавено на:
26.10.2020