„Можноста да ги остварите соништата го прави животот интересен“ – моќни цитати од Пауло Коелјо кои ја враќаат насмевката на лицето

Пауло Коелјо со своите зборови и начинот на претставување на животот, влијае врз милиони луѓе..

Секоја личност која е љубител на книжевноста знае барем еден цитат од познатиот писател Пауло Коелјо. Многу го нарекуваат „писателот на душата“ а во своите книги дава одговори кои го мачат човештвото, а првенствено него самиот: „која е мојата цел во овој живот“.

-Одбивам да одам внимателно низ животот само за да стигнам сигурно до смртта!

-Многу е важно да знаете кога на нештото му дошол крајот. Завршен круг, затворена врата, како и да го наречете тоа, не е важно. Важно е дека зад себе, во минатото сте оставиле мигови од животот кои се совршени.

-Не препуштајте се на стравовите. Ако го направите тоа, нема да можете да разговарате со своето срце.

-Можноста да ги остварите соништата го прави животот интересен.
Сонувајте и не поставувајте многу прашања инаку стравот ќе ги превземе вашите чувства.

-Животот секогаш ви дава втора шанса. Се вика утре.

-Кога нешто сакате, целиот свемир се здружува со цел да ви помогне да ја остварите таа желба.

-Кога сакаме, се трудиме да бидеме подобри. Кога тежнееме да бидеме подобри, тогаш се околу нас станува подобро.

-Чекањето е болно. Заборавањето е болно. Но, најголемо страдање е кога не знаете што да правите.

-Тајната на животот е да паднете седум пати и да станете осум пати.

-Изгледа дека секој има јасна слика за тоа како треба другите да го живеат животот, но затоа немаат никаква идеа како треба да го живеат сопствениот живот.

-Кога некој заминува, тоа значи дека некој друг треба да дојде.

-Што и да прави, секоја личност игра централна улога во историјата на светот. И, секако таа тоа не го знае.

-Што е најголема лага? Ова: во некои моменти губиме контрола над она што ни се случува и нашите животи тогаш ги води судбината.




Коментари

коментари